Enterprise Europe Network ги поканува сите професионалци кои работат во областа на модата да земат учество на претстојниот „Global Sustainable Fashion Week“  кој ќе се одржи по втор пат во Будимпешта од 7ми до 10ти јуни. Настанот вклучува серија на активности како меѓународна конференција, б2б состаноци, работилници, презентација на модни брендови и модни ревии.  
Настанот е отворен за:
  • дизајнери, јувелирници, модни брендови
  • професионалци кои работат во текстилната и модната индустрија
  • студенти од училишта за мода
  • компании кои нудат одржливи технологии и решенија
На 9ти јуни сите заинтересирани компании кои имаат желба да остварат меѓусебна соработка имаат можност да учествуваат на б2б настан и да остварат средби со компании од потенцијален интерес. Регистрацијата за б2б настанот е отворена до 7ми јуни 2017. Повеќе информации се достапни на следниов линк http://sustainablefashion.talkb2b.net/.
Официјалниот веб сајт на модната недела е http://gsfashionweek.com
 
Контант лице: Габриела Костовска Богоеска (gabriela@mir.org.mk)