BRDE20200022001

Германски дистрибутер со повеќе од 20 години пазарно искуство бара дополнителни производи што ќе ги додаде во своето портфолио според договор за дистрибутивни услуги. Тековниот фокус на дистрибутерот е насочен кон индустријата за производство на електроника, можни се и други индустрии.

Компанијата не е заинтересирана за компоненти или неспецифична опрема и додатоци како паметни телефони, компјутери, производи за чистење, итн.
Германската компанија е основана во 1996 година и оттогаш е специјализирана за дистрибуција на разновидна опрема за производство на електроника. Можни производи може да бидат на пр. камери, системи, микроскопи, други системи за тестирање. Бараните уреди мора да имаат своја функција и да можат да бидат управувани самостојно.
Покрај продажбата, компанијата исто така обезбедува соодветна услуга и поддршка за целата опрема што се продава, бидејќи фокусот е секогаш на задоволството на клиентот и високата вредност. Компанијата продава индустриски производи само на деловни клиенти (Б2Б), а не на потрошувачи. Фокусот на пазарот е Европа со посебен фокус на Германија, Австрија и Швајцарија; воспоставени се и партнерства со дистрибутерски компании во други европски земји.
 
Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891