BODE20200914001

 
Германската старт-ап компанија се фокусира на изработка на  женска, машка и детска облека. Компанијата бара нови партнери нудејќи ги своите производствени капацитети. Софистицираниот дизајн на сопствените производи е комбиниран со висок квалитет и професионализам. Компанијата од Германија се наоѓа во регион со долготрајна историја на текстил. Децениско искуство на  вработените, ентузијазмот за мода и високите стандарди за квалитет ја прават сигурен партнер оваа компанија.
 
Близу до пазарот и секогаш ориентирана кон индивидуалната целна група, компанијата креира од одделни текстилни производи до текстилни колекции. Искуството, кратките растојанија и ефикасната инфраструктура овозможуваат брзи и оптимални решенија обезбедувајќи највисок квалитет.
 
 Од партнерите се бара да поседуваат експертизата во следниве опции за соработка: развој на производи, производство со етикетирање, логистика и испорака. Понатаму, се нуди индивидуална помош на специјално барање во одредени сегменти и за единечни работни процеси (дизајн, сечење, обележување, итн.). Опсегот на компетентност за големина вклучува големини до 6XL (други големини на барање).
 
Компанијата е заинтересирана за иновативни идеи и соработки со отворен ум кои сакаат да развиваат паметни производи. Се бараат партнери со еколошки, одржливи материјали што можат да се рециклираат и се добредојдени за соработка во рамките на договорот за производство.
 
Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891