BODE20200204001
 
Германска компанија нуди медицинска работна облека (лабораториски палта, панталони, поло маици) изработени од еколошки влакна и ткаенина. Имајќи транспарентен синџир на вредност компанијата гарантира одржливост и безбедност. Се бараат партнери за дистрибуција или трговски агенции.

Здравиот и одржлив текстил и работната облека придонесуваат за благосостојбата на вработените, а истовремено ги намалуваат глобалните емисии на СО2. Германска компанија нуди текстил и работна облека направена од природни влакна и со одржливи бои за персоналот во болниците и домовите за згрижување. Облеката содржи 97% природни влакна, т.е. памук и целулоза. Овие природни влакна ја зголемуваат удобноста при носење и ја оптимизираат рамнотежата на температурата на телото од една страна. Од друга страна, процесот на перење алишта е скратен и не се испушта микропластика во околината.

Се бараат партнери за дистрибуција или трговски агенти. Идеално, партнерите треба да имаат добри контакти со болници и домови за нега. Контактите со болници и домови за нега се во предност. Сепак, комерцијалните агенти исто така би можеле да бидат нови во оваа област доколку се ентузијасти и сакаат да се занимаваат со оваа дејност.
 
Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891