Датум: 4 март 2020         Локација: Лондон, Велика Британија

Во рамки на саемот за градежништво Futurebuild, Enterprise Europe Network го организира бесплатниот настан за вмрежување Futurebuild Matchmaking 2020. Саемот е настан од големи размери со над 27000 посетители од областа на градежништвото, каде се споделуваат иновации, од производи до процеси, и решенија за идни поодржливи градби. 
Настанот е одлична можност за добавувачите, изведувачите и дистрибутерите да откријат нови и иновативни производи и услуги од меѓународниот пазар, како и можност за производителите, давателите на услуги и подизведувачите да се сретнат со професионалци од областа на градежништвото, вклучувајќи архитекти, изведувачи, дистрибутери, агенти, истражувачки центри и универзитети.
 
Целни сектори на настанот се:
  • Енергетска ефикасност
  • Ниско-јаглеродна енергија
  • Материјали
  • Урбана инфраструктура
 
Повеќе информации за настанот може да најдете на: https://futurebuild-matchmaking-2020.b2match.io/home
Регистрација за настанот е задолжителна и се реализира преку следниот линк: https://futurebuild-matchmaking-2020.b2match.io/signup
Учеството на настанот не се наплаќа.

Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891