BRFR20180103001
 
Француски дизајнер на декорации за внатрешно уредување на домови од Марсеј, Франција, бара занаетчии за соработка на некои од персонализираните производи кои се наменети за приватни и професионални клиенти како ресторани, декоративни салони, внатрешни дизајнери и се на продажба во продавница и онлајн.
Соодветните занаетчии мора да бидат во можност да изработуваат производи според специфични стандарди и со висок квалитет, да поседуваат етички и одговорни практики и да ја сакаат работата. Бараните профили се следните:
 
  • Изработка на абажури: еден или повеќе занаетчии кои ќе работат со ратан, бамбус и други природни материјали. Моделите, формите, боите и величините ќе бидат дополнително регулирани на секоја нарачка;
  • Изработка на прибор и сетови за храна: еден или повеќе занаетчии специјализирани во областа на ќерамиката и грнчарството за производство на чинии, длабоки садови и садови за салати.  За овие производи може да се користат светли или пастелни бои, со или без мотиви, со различни големини. Аглите не треба да бидат остри, производот не смее да има отпечатоци од прсти или воздушни меури и мора да го содржи логото на компанијата;
  • Производите мора да се во согласност со правилата на Европската Унија за материјали во контакт со храна;
  • За сите производи мора да се изнајдат и решенија за цврсто пакување;
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk
Тел: +389 (0) 2 3108891