RDFR20181112001
 
Француска стартап компанија специјализирана во областа на BigData решенија и интелегенција на податоци бара европски партнери за исполнување на конзорциум за Хоризон 2020 повикот „Big Data solutions for Energy“ DT-ICT-11-2019.
 
Во моментот партнерството е составено од францускиот BigData стартап, друга партнер-компанија која е еден од лидерите во снабдување со електрична енергија и повеќе мали компании од областа на транспорт и дистрибуција на енергија.  Соодветните академски партнери може да бидат универзитети, центри за истражување и развој кои се специјализирани во областите на „smart grids, smart cities и connected building“ како и експертиза во IT и софтвер секторот со цел работа на архитектурата на пилот-примерокот. Потенцијалниот партнер може да биде и лидер на конзорциум или координатор. Мрежни оператори, набавувачи, независни агрегатори, размена на енергија, сектори за градежен менаџмент и реновирање и софтвер програмери се дел од останатите прифатливи профили за формирање на конзорциумот.
 
Проектот се стреми кон ангажирање на BigData и други IT ресурси и софтвер достапни на пазарот за подобрување на менаџментот, чување и дистрибуција на енергијата во постоечкиот еко-систем. Целта е да се изгради пилот- аналитички прирачник кој ќе развие и подржи широк спектар на енергетски сервиси. Тоа ќе води кон оптимизација на менаџментот на средства поврзани со мрежата и зголемување на ефикасноста и комфорот на градбите, како и намалување на инвестициониот ризик во енергетската ефикасност.
 
Краен рок за апликација: 04.02.2019
 
 
Контакт лице:

Александар Филипоски
aleksandar.filiposki@yes.org.mk
тел: +389(0)23108891
.