BOFR20170314003
Мала француска компанија специјализирана во проектен менаџмент (процес, развој на алатки, follow up) бара европски партнер за склучување на договор за заедничко вложување со цел проширување на понудата на услуги и поголема достапност до странските пазари.

Компанијата работи со сертифицирани партнери, високо-квалифицирани професионалци со искуство во полето на проектниот менаџмент и поврзани области со цел задоволување на потребите на клиентите. Дел од услугите кои се нудат се: интеграција и менаџмент на проектни документи, конституција и менаџмент на тимови и ресурси, ризик менаџмент, комуникација и менаџмент на трошоци, креирање на follow up индикатори и контролни табли и др.

Се бара партнер - организација, компанија или асоцијација со веќе изградена позиција на пазарот, искуство во проектен менаџмент и долгогодишно искуство.
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk
Тел: +389 (0) 2 3108891