Датум: 20-21 јануари 2019     Место: Амстердам, Холандија
 
Учествувајте на EU FashionMatch 8.0 во Амстердам и пронајдете нови партнери за соработка во интернационалната модна индустрија.
Базиран во Амстердам, Modefabriek е препознатлив, проактивен и инспирирачки „fashion trade“ настан кој комбинира бизнис и инспирација и е посетен од над 19 000 модни професионалци и повеќе од 500 брендови од Холандија, Европа и светот
.
Покрај можноста за остварување контакти, EU FashionMatch средбите ќе им овозможат на учесниците одблизу да се запознаат со потенцијалните бизнис партнери преку претходно закажани средби. Учесниците се поканети да го понесат своето портфолио заедно со 3 парчиња од своите колекции за демонстрација во тек на средбите.

Зошто да учествувате:
 
  • Проширете ја својата интернационална модна мрежа
  • Запознајте потенцијални бизнис партнери
  • Иницирајте преку-гранични контакти и соработки
  • Претходно договорени 20-минутни средби
  • Слободен влез за сите учесници со претходна регистрација и валидиран профил од EEN
  •  
Регистрација и закажување В2В средби : https://fashionmatch-8thedition.b2match.io/
 
Откако вашиот профил ќе биде валидиран може да ги разгледате профилите на учесниците и закажете состанок со странката од интерес. Закажаните средби ќе се одржат во FashionMatch lounge во Modefabriek.

Краен рок за регистрација: 16 јануари 2019
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk
тел: +389 (0) 2 3108891