Дата: 25.01.2021 – 26.01.2021
 
Воспоставете соработка со нови партнери во интернационалната модна индустрија!
 
Следејќи ги стапките на претходно успешни настани, Enterprise Europe Network (EEN) со задоволство ве поканува на 10-тиот EU Fashion Match Amsterdam виртуелен настан наменет за компании од целиот свет, активни во мода со можност за средба со потенцијални деловни партнери. Покрај б2б средбите, 10-то издание на EU Fashion Match Amsterdam се фокусира на млади претприемачи во меѓународната мода за бизнис и иновации.
 
За кого е наменет овој настан:
Модни дизајнери/стилисти
Модни брендови (облека/модни додатоци), старт-ап компании
Компании за производство на текстил и додатоци
Трговија на мало, дистрибутери, агенти за продажба, продавници за мода
Платформи за е-трговија
ПР агенција, маркетинг и деловни консултанти
Купувачи/трговски агенти
Универзитети/ институции за истражување и развој во потрага по нови партнерства
 
Зошто да учествувате:
  • Проширете ја вашата меѓународна модна мрежа
  • Запознајте потенцијални деловни партнери
  • Иницирајте прекугранични контакти и соработки
  • Пред-договорени 30-минутни состаноци
  
Како да се регистрирате: https://fashionmatch-10thedition.b2match.io/
Состаноците ќе се одржуваат виртуелно и ќе бидат договорени однапред преку оваа веб-страница.   
Учеството на настанот не се наплаќа. 

Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891