Од 2-ри до 3-ти ноември, во хотел Хилтон во Скопје, ќе се организира хибридната конференција „Дигитализација и трансфер на технологии за намалување на јаглеродните емисии“. Дигиталната конференција има за цел да го препознае ИКТ секторот како клучен играч во борбата против климатските промени, да ги инспирира компаниите да инвестираат во развојот и распоредувањето на позелени дигитални технологии и услуги со цел зелена дигитална трансформација од корист на животната средина, општеството и економијата.

Евидентна е потребата да се промовираат научни методи за да се процени намалувањето и избегнувањето на емисиите на стакленички гасови со специфични ИКТ решенија во различни сектори и да се поддржи зелена дигитална трансформација на сектори како што се енергијата, транспортот, земјоделството и градежништво. На овој начин имаме за цел да ја забрзаме нивната одржливост и циркуларни транзиции, истовремено придонесувајќи за иновативно, инклузивно и издржливо општество. Конференцијата се фокусира на приватни компании, јавни власти, општини, универзитетски и истражувачки центри, индустрија и здруженија кои се подготвени да развијат иновативни, одржливи и паметни технологии и истражувачки проекти кои помагаат да се подобри квалитетот на урбаните екосистеми.
Настанот го организираат Фондација за Претприемачки сервис за млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, во состав на Европската мрежа на бизнис можности (Enterprise Europe Network), поддржано од Централна Европска иницијатива.

Зошто да учествувате:
  • Да стапите во контакт со различни експерти, да ја проширите  својата меѓународна мрежа на контакти и да воспоставете значајни партнерства;
  • Да пронајдете потенцијални деловни партнери со учество на однапред закажани еден-на-еден состаноци;
  • Да се инспирирате и мотивирате, како и да научете за програмите за поддршка и добрите практики;
  • Да ги истражите можностите за раст на вашиот бизнис  на меѓународно ниво.
 
Учеството на виртуелниот настан вклучува:
  • Персонализиран распоред на состаноци (претходно договорени 20-минутни онлајн еден-на-еден состаноци)
  • Информативен пакет обезбеден на денот на настанот
  • Деловна помош од партнерите на Enterprise Europe Network пред, за време и по настанот.
 
Како да се регистрирате: https://powergreen.b2match.io/
Состаноците ќе се одржуваат виртуелно и ќе бидат договорени однапред преку оваа веб-страница.
Учеството на настанот не се наплаќа. 
 
Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891