Industry Matchmaking – IMM 2017
 
06 април 2017, 10:30 – 18:00
Inter Expo Center, Софија – Бугарија

 
 
Идеална можност за иницирање на потенцијална соработка преку директни, билатерални средби организирани со поддршка на Enterprise Europe Network во соработка со Inter Expo Centre, Софија - Бугарија.
 
Настанот нуди можност за воспоставување на нови деловни контакти, за трансфер на технологии и реализирање на партнерства за потенцијално учество во проекти финансирани од европските програми. 
 
Придобивки од учество во настанот
  • Олеснет пристап до странски пазари;
  • Идентификувае на нови комерцијални или технолошки деловни можности;
  • Промовирање на компанијата пред потенцијални клиенти како додадена вредност од посета на саемот;
  • Следење на новите пазарни и технолошки трендови во адресираните сектори.
 
Настанот Industry Matchmaking ќе се одржи за време на специјализираниот меѓународен саем MachTech and InnoTech во Inter Expo Center.
 
Целни сектори:
  • MachTech: роботика, мехатроника, металопреработувачка, заварување, пумпи, хидраулика и пневматика, ласерска опрема, машини за машинска обработка, машини за површинска и термичка обработка, рециклирање;
  • InnoTech: индустриска автоматика & софтвер, мерна и контролна опрема, индустриска електроника, обезбедување на квалитет и тестирање.
 
Учеството на настанот за компании и научно-истражувачки организации од наведените сектори е бесплатно.
 
Краен рок за регистрација: 20 март 2017, https://www.b2match.eu/imm2017
 
Контакт за повеќе информации:
Enterprise Europe Network во Македонија
Фондација за менаџмент и индустриско истражување
contact@mir.org.mk, 02 3108 891