Дали сте иновативни? Можеби вашата стартап компанија е подготвена за предизвик? Дали би сакале вашето иновативно решение да биде забележано од големите корпорации?

Сите иновативни стартап компании и мали и средни претпријатија се поканети да учествуваат на Corporates and Startups Open Innovation Challenge“ кој е дел од „4YFN“ стартап бизнис платформата која ќе се оддржи од 25 – 27 февруари како дел од 2019 World Mobile Congress во Барселона.

20 интернационални корпорации од областа на високата технологија ќе се соберат на едно место со цел да пронајдат иновативни решенија за своите предизвици од растечката технолошка стартап заедница. Тие ќе ги отворат своите установи, инфраструктури и пристап до потрошувачката заедница за тестирање на новите решенија и технологии кои ќе бидат потенцијален предмет на идна инвестиција или интеграција.

Одберете го предизвикот што најмногу одговара на вашата специјалност и аплицирајте за да ја претставите вашата иновативна идеја.

Разгледајте го предизвикот и аплицирајте најдоцна до 14 јануари 2019. Рани апликации се добредојдени!

Аплицирајте за онолку предизвици колку што мислите дека имате решенија и доколку ги исполнувате сите услови и барања за предизвикот. Корпорацијата ќе ја разгледа вашата апликација и доколку смета дека вашето решение е доволно иновативно ќе бидете повикани на средба на „4YFN“ во Барселона за која ке бидете дополнително контактирани.

Учеството на настанот е бесплатно. Доколку една или повеќе од вашите апликации се прифатени ќе биде потребно да присуствувате на „4YFN Corporate and Sturtups one-to-one meetings event“ која ќе се оддржи на 26 февруари во Барселона.

Доколку немате пропусница за посета на „4YFN“ конференцијата можете истата да ја набавите со попуст од 70% при што ќе добиете и шанса за посета на последниот ден од GSMA Mobile World Congress 2019.

„Corporates and Startups Open Innovation Challenge“ е нова иницијатива организирана од ACCIO и „4YFN“ стартап бизнис платформата која ќе биде дел од 2019 World Mobile Congress во Барселона.