Датум:  19-21 јуни 2019               Локација: Кочаели, Турција

ABIGEM East Marmara ги поканува сите заинтересирани компании од автомобилската индустрија, градежништвото и градежни материјали, секторите за метал, машинерија, хемија, електрика/електроника, енергија, туризам и недвижнини да земат учество на бесплатниот настан за вмрежување „Co-Matching“ кој ќе се одржи на 19-20 јуни 2019 година во Кочаели, Турција.

На првиот ден од настанот, учесниците ќе ги посетат локалните компании со цел набљудување на бизнис средината во Кочаели. Во текот на вториот ден, турските и странските компании ќе имаат можност за еден-на-еден состаноци во Стопанската Комора на Турција.
 
Во рамките на настанот бесплатно ќе бидат понудени следните услуги и добра:
 
  • Престој (финансирано од Министерство за Економија на Турција)
  • Локален трансфер
  • Храна, освежување
  • Асистенција пред, за време и после настанот
  • Англиско-Турски и Турско-Англиски превод

Линк за регистрација: https://co-matching2019.b2match.io/

Краен рок за пријавување: 4 јуни 2019
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk  
Тел: +389 (0) 2 3108891