14 Ceптември 2018, Бихач Босна и Херцеговина,
 
Агенцијата за развој на Una Sana Canton RAUSK и Enterprise Europe Network во Босна и Херцеговина организираат бизнис настан на EKOBIS 2018 - 16-тиот Меѓународен саем за екологија (13-15.09.2018 година). За повеќе информации посетете го веб-сајтот на саемот: http://ekobis.info/
 
Настанот EKOBIS B2B 2018 ќе се одржи на 14 септември 2018 година на Саемот "Лук", Бихаќ, Босна и Херцеговина и ќе обезбеди дополнителна поддршка на компаниите во изнаоѓањето меѓународни партнери на саемот.

Во изминатите 15 години, саемот EKOBIS стана еден од водечките еколошки настани во областа на Југоисточна Европа. На саемот во текот на изминатите 15 години беа претставени над 2900 изложувачи од 18 земји, со над 550 придружни програмски настани кои беа успешно реализирани и 210 000 посетители кои го посетија саемот. Саемот е насочен кон промоција на одржлив развој и здрав начин на живот со користење на еколошки производи, како и афирмација на градот Бихаќ. Секоја година саемот е посветен на една од тековните теми во тоа време, а оваа година ќе биде земјоделство и прехранбена индустрија.
 
Регистрирајте се на следниот е-маил: alma.dzanic@rausk.ba