BOBG20201117001

Бугарска компанија нуди производство, монтажа и одржување на висококвалитетни ПВЦ, алуминиумски и дрвени прозорци, врати и структурни стаклени фасади. Тие бараат партнери со договор за застапување или договор за производство.
Компанијата користи материјали од водечки европски и светски компании, со квалитет докажан во текот на годините, сертифициран според европските и светските барања. Имаат широк спектар на бои и материјали од целиот асортиман на производи. Сите материјали со кои работи компанијата, ги имаат потребните декларации за сообразност.
Компанијата е една од ретките бугарски компании сертифицирани според BNS EN ISO 9001-2000-систем кој гарантира квалитет на услугите и производите.
  
Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk 
Телефон: +389 (0) 2 3108891