BOBG20190603001

Бугарска компанија нуди ултра лесен златен накит со врвен квалитет со портфолио од повеќе од 450 модели. Компанија основана во Пловдив, Бугарија во 1992 година, од мајстор за накит со повеќе од 40 години искуство кој денес е најпознат производител на накит.
Во 2006 година компанијата има развиено и имплементирано своја патентирана технологија за производство на ултра лесни златни ланци, нараквици, обетки и др.
 
Компанијата е флексибилна - нуди богат асортиман на дизајни, кои лесно можат да се прилагодат во однос на големината и тежината до барањето на крајниот корисник; како и може да произведува под производна задача со капацитет до 6 кг. месечно и повеќе. Има добро развиено одделение за трговија и канали за дистрибуција на бугарскиот пазар, притоа обезбедувајќи и продажба на сопствено производство и обезбедување ексклузивна дистрибуција за премиум италијанска трговска марка. Исто така, компанијата има две сопствени локални продавници за накит.
 
Компанијата сака да се прошири на нови пазари, притоа имајќи портфолио кое може да ги исполни барањата на клиентите со различни вкусови. Заинтересирана е за договор за производство. Компанијата е во состојба да произведува и испорачува на барање на производител/дизајнер на накит. Договорот за дистрибуција е исто така опција, бидејќи компанијата нуди широк спектар на сопствени дизајни и е во состојба редовно да ги снабдува своите потенцијални партнери со бараните нарачки.
 
Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891