Реф. број: BOBG20160811001
 
Бугарска компанија специјализирана за производство и продажба на програмски системи за заклучување на дигитални кодови за рачки, врати и катанци го нуди своето производство на потенцијални партнери од градежништвото, дизајнери на ентериер како и специјализирани малопродажни синџири со цел склучување договор за производство.
Производството на системите за заклучување базирано на програмски дигитални кодови се прави под лиценца на швајцарска компанија што овозможува креирање систем за заклучување со комбинирање на 15 шифри распоредени во три реда. Специјализирана софтверска програма за секој цилиндер овозможува 15.000.000 комбинации и креира Master Key систем во растечки или опаѓачки редослед.  Производството го опфаќа комплетниот цилкус – од суровини до финален производ. Произведените производи се контролираат од самиот почеток. Производите на компанијата се достапни во преку 50 земји - Германија, Чешка, Србија, Македонија, Романија, Данска итн.
Компанијата има потреба од нови потенцијални партнери во секторот на градежништво и внатрешен дизајн како и специјализирани малопродажни ланци со цел проширување на мрежата на клиенти.
 
 
Контакт лице:
Eмилија Митевска
emilija.mitevska@mir.org.mk