Бугарски производител на конзервирана риба има потреба од партнери за дистрибуција кои ќе таргетираат големи маркети и специјализирани продавници за храна. Компанијата има широка линија производи на конзервирана риба како скуша, туна, харинга, сардини и др. Квалитетот на производството е резултат на вклученоста на компанијата во целокупниот циклус, од ловење на риба, складирање, производство и дистрибуција. Компанијата има 28 годишно искуство и своите производи ги пласира на многу интернационални пазари.
 
Компанијата им нуди на потенцијалните партнери:
  • конзервирана скуша со широк спектар на вкусови: скуша во домат, зачинет домат, специјален доматен сос, грчки сос, сончогледово масло и сл.
  • Конзервирани производи од туна вклучувајќи туна паштети со различни вкусови, туна снегулки во различни сосови, итн.
  • Конзервирана харинга и сардини
 
Контакт лице – Александар Филипоски (aleksandar.filiposki@yes.org.mk)   
(Реф. Број BOBG20170515002)