Дата: 20 октомври 2017
Локација:  Вилниус, Литванија
Enterprise Europe Network, во организација на Стопанската комора на Вилниус, Ве поканува да учествувате на меѓународниот брокерски настан, „BALTIC FASHION & TEXTILE 2017“

На овој настан ќе имате можност да остварувате претходно закажани б2б средби со цел запознавање со потенцијалните деловни партнери.
Саемот се очекува да биде посетен од над 400 учесници од 22 земји и да привлече повеќе од 10000 професионални посетители од 24 земји од целиот свет.

Зошто да учествувате:
• Влезете во контакт со потенцијалните партнери за идна соработка
• Б2б средби
• Запознајте се со новите технологии и иновации
• Најдете нови решенија за конкретните проблеми
• Размена на идеи со меѓународни партнери
• Најдете партнери за заеднички проект
 
Регистрација најдоцна до: 16 октомври 2017 година
Учеството на состаноците е бесплатно по претходна регистрација. Влезот на „BALTIC FASHION & TEXTILE 2017“ е бесплатен доколку бидете претходно пријавени на средбите.
Повеќе информации за настанот на: https://www.b2match.eu/balticfashion2017