Big Bang е еден од водечките настани за претприемништво во светот на кој секоја година 20 старт-ап компании се натпреваруваат пред 3 000 учесници, 40 000 следбеници во живо преку социјални медиуми и 40 бизнис чинители кои доделуваат награди. Надворешни старт-ап компании кои сакаат да учествуваат на предизвикот имаат можност да се натпреваруваат преку ITU Magnet Acceleration програмата.

ITU Magnet е глобален центар за инкубација кој ги поврзува старт-ап компаниите со потенцијални клиенти, инвеститори или бизнис партнери на пазарот и нуди тренинг и менторство за стратегии за влез на пазарот и пристап до нови инвеститорски мрежи.

ITU Magnet Acceleration програмата ги нуди следните услуги за старт-ап компании:
 
  • Детерминирање на бизнис модел
  • Усовршување на производи и услуги за глобалните пазари
  • Оформување на продажба и маркетинг стратегии
  • Развој на средни и долгорочни акциони планови за влез на нови пазари
  • Фонд од 4.3 милиони долари на Big Bang
  • ITU Magnet Acceleration програма: заеднички простор за работа, лабораторија за прототипи, можности за продажба и инвестирање, глобална мрежа на ментори
  • Пристан на глобалниот пазар, базент на таленти и даночни ослободувања во Турција

Технолошки старт-ап компании надвор од Турција со иновативни бизнис идеи и модели кои сакаат да навлезат на глобалниот и европски пазар преку Истанбил се поканети да аплицираат за ITU Magnet Acceleration програмата и да добијат можност да ја претстават својата идеја пред инвеститори и бизнис партнери на сцената на Big Bang.

За повеќе информации и апликација: http://www.itumagnet.com/acceleration/
Рок за аплицирање: 01 септември 2019