Белгијска компанија има потреба од сензори за прецизно мерење на квалитетот на воздухот во домовите или канцелариите, по можност во комбинација со алгоритми за машинско учење со цел давање препораки за корективни мерки за оптимизирање на квалитетот на воздухот.
Компанијата е во потрага по индустриски партнери со сензори кои овозможуваат мерење на квалитетот на воздухот и даваат приказ на учеството на алергени, ПМ 2.5, испарливи органски соединенија и др. во приватни домови, згради и канцеларии. Сензорите треба прецизно и во реално време да ги мерат клучните компоненти на воздухот во затворени простории согласно насоките на Светската здравствена организација. Исто така, сензорите треба да бидат во комбинација со алгоритми за машинско учење со цел обработка на податоци и да давње препораки за оптимизирање на квалитетот на воздухот.
Компанијата не е заинтересирана за развој на решението или за продажба. Посакуван тип на соработка е техничка соработка за доусовршување на постоечкото решение и/или користење на готово решение преку договор за лиценца.
Контакт лице – Александар Филипоски (aleksandar.filiposki@yes.org.mk)