Дата: 8 јуни 2018
Локација: Скопје (Стопанска Комора на Македонија)
Краен рок за регистрација: 27 мај 2018
 
Balkan Technology Match 2018 ќе се одржи на 8 јуни во рамките на “Балканската  конференција за информативни и комуникациски технологии” во Стопанската Комора на Македонија (Скопје) во организација на Enterprise Europe Network во Македонија.
 
Настанот има за цел да ги поврзе македонските компании од областа на информациско комуникациските технологии со компании од повеќе европски земји. Исто така, настанот ќе овозможи претставување на иновативни компании пред панел на инвеститори со цел обезбедување финансиски средства за реализација на иновативни технолошки проекти.
 
Сите заинтересирани компании можат да се регистрираат на настанот најдоцна до 27 мај на следниов линк http://balkan-tech-match.talkb2b.net/.
 
Учеството на настанот не се наплаќа.
 
За повеќе информации контактирајте
Aleksandar Filiposki 
Email: aleksandar.filiposki@yes.org.mk  
Phone: +389 (0) 2 3108891