Датум: 28 мај 2019    Локација: Лиеж, Белгија

Мали и средни претпријатија заинтересирани во истражување и развој на проекти се поканети да земат учество на настан за вмрежување кој ќе се одржи на 28 мај 2019 во Лиеж, Белгија. Во пресрет на следните 2 ЕУРОСТАР повици (септември 2019 и февруари 2020), NCP Wallonie, Enterprise Europe Network и агенциите за јавно финансирање од Белгија, Холандија и регионот Северна Рајна- Вестфалија (Германија) заедно организираат настан за вмрежување на мали и средни претпријатија од областа на  Паметната Индустрија и Индустријата 4.0.
Учесниците ќе имаат можност да дознаат за најновите сервиси и можности за финансирање за МСП во рамките на ЕУРОСТАР програмата и како да подготват интернационален проект.

Повеќе информации и регистрација: https://eurostars-smart-industry-2019.b2match.io/
Краен рок за регистрација: 14 мај 2019
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk
Тел: +389 (0) 2 3108891