Дата: 19-20 април 2018
Локација: Милано, Италија
Краен рок за регистрација: 16 април 2018
 
Milano Design Week е најважниот настан за модни дизајнери и ентузијасти каде се промовираат последните трендови од областа на модата и технологијата. Оваа година настанот ќе се одржи од 17 до 22 април и ќе биде проследен со модни ревии, изложби, презентации, работилници и илјадници посетители од целиот свет.
 
Во рамки на настанот на 19 и 20 април ќе се одржи б2б настан каде компании ќе имаат можност преку претходно резервирани состаноци да се сретнат со потенцијални партнери за воспоставување на интернационална соработка. За време на настанот за вмрежување компании, стартапи, кластери и асоцијации ќе можат да се запознаат со цел да формираат парнерства за прекугранични проекти.
 
Главни теми
  • Дизајн
  • Мебел
  • Домашен текстил
  • Декорации
  • Материјали
  • Начин на живот
  • Паметно производство
  • Зелена технологија
 
Зошто да учествувате?
  • иницирајте прекугранични контакти
  • проширете го бизнисот во странство
  • најдатте нови комерцијални или технолошки партнери
  • презентирајте нови идеи за проекти
 
Процедура
  • Регистрирајте се и креирајте профил за соработка
  • Погледнете ја листата на учесници и закажете средби со компании за кои сте заинтересирани
  • Една недела пред настанот ќе добиете распоред на состаноци
 
Учество на настанот не се наплаќа.
Краен рок за регистрација 16 април 2018 на https://milan-design-week-2018.b2match.io/.
 
 
Контакт лице:
Емилија Митевска
emilija.mitevska@mir.org.mk