Од 8 до 12 октомври 2018 година, Центарот за трансфер на технологии и иновации на Институтот Јожеф Стефан ке ја организира 11-тата Меѓународна конференција за трансфер на технологија. Настанот ќе се одржи заедно со 21-тата Меѓународна конференција за информатичко општество (IS2018), организирана од Институтот.

Во текот на конференцијата ќе се одржуваат состаноци на претходно закажани средби R2B (Research-to-Business), овозможувајќи им на претставниците на компаниите и истражувачките институции да разговараат за можни развојни решенија, пронајдоци и комерцијално интересни технологии. Ваквите состаноци претставуваат одлична основа за идна истражувачка соработка и бизнис синергии. Минатата година повеќе од 100 истражувачи, 60 R2B, бизнисмени и претприемачи присуствуваа на партнерскиот настан.

На конференцијата ќе биде доделена специјална награда за иновативни технологии. Членовите на комисијата ќе го оценат комерцијалниот потенцијал на презентираните иновативни технологии и  технологијата со највисок комерцијален потенцијал ќе добие парична награда во износ од 2.500 евра!
Web site на конференцијата: http://tehnologije.ijs.si/11ittc/en/ 
Брокерски настан: https://r2bittc2018.b2match.io/